Специјализирано советување со практични примери за правилно спроведување на постапките за јавни набавки, кај договорните органи кои вршат дејност од областа на образованието, културата, социјалната и детската заштита
Специјализирано советување со практични примери за правилно спроведување на постапките за јавни набавки усогласени со законот за јавните набавки, материјалните закони, законите за основно и средно образование, како и законите кои важат за установите кои вршат дејност од областа на образованието, културата, социјалната и детската заштита.
Учете од практичарите!
Теорија е кога сé се знае, а ништо не функционира, а пракса е кога сé функционира, а никој не знае зошто (Алберт Ајнштајн)

Изразување на интерес за работилницата онлајн на следниот линк:
forms.gle/23kySN9skwTiLiqk9
forms.gle/23kySN9skwTiLiqk9
ТАРГЕТ ГРУПА: Советувањето е наменето за лицата за јавни набавки, вклучени во процесот на јавната набавка, и тоа со улоги: единица за јавни набавки, членови на комисии за јавни набавки и одговорни лица кај договорни органи во локална или државна сопственост – основни и средни училишта, детски градинки, библиотеки..
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА РАБОТИЛНЦАТА: 6 часа
ВРЕМЕ НА ОДРЖУВАЊЕ: 12.06.2019 година од 10:00 - 16:15 часот
СОДРЖИНА: Јавните набавки претставуваат процес на користење јавните средства од страна на одреден јавен орган заради добивање надворешни ресурси, најчесто од комерцијални понудувачи. Преку системот за јавните набавки државата влијае врз пазарот со својата законодавна и регулативна функција и таа е најголем купувач на стоки, услуги и работи, така што набавните практики значително влијаат врз развојот на здравата пазарна економија и конкуренцијата помеѓу играчите на пазарот. За да се воспостави систем на контрола на јавните набавки, на правата, обврските и одговорностите на сите учесници во постапките за јавните набавки, договорните органи треба да ги почитуваат одредбите од Законот за јавните набавки, кој закон е задолжителен за секоја државна и јавна институција, која користи јавни пари.
Како правилно да се применат одредбите од Законот за јавните набавки, а при тоа да се исполни целта за постоењето на јавната набавка како поим и за да се добие најдобра вредност за потрошените пари (јавните пари) – best value for money, најдобро се учи од практичарите. Законот за јавните набавки се применува и за набавка на тетратка, и за набавка на локомотива...Законодавецот и теоретичарите не можат да допрат до практичните проблеми со кои се среќаваат институциите при набавка на конкретна стока, услуга или работа, бидејќи истите зависат од многу фактори, почнувајќи од потребата за набавка, материјалниот закон кој важи за конкретната потреба, големината на субјектот, па завршувајќи со средствата со кои располага. Законот за јавни набавки е рамка, но суштината на тендерскиот процес ја диктира материјалниот закон. Затоа, учете од практичарите, кои секојдневно се вклучени во сите фази од процесот на јавните набавки.
Со оваа обука опфатени се:
*(работилницата ќе се организира за најмалку 5 учесници / најмногу 20 учесници. Цената на работилницата вклучува, кафе, вода, закуска - ладен сендвич со безалкохолен напиток, писмен материјал и сертификат и додаток на сетификатот)
ДОПОЛНИТЕЛНА ЕКСТРА ПОНУДА: Можност за стручна помош во текот на спроведувањето на постапката, по пат на електронска пошта и совети по телефон (како и изработка на тендерски документации, помош при евалуација на понуди, изработка на одговори на жалби, изработка на договори) со симболична цена, во зависност од барањата на присутните учесници.

- Вовед во терминот за јавна набавка (Што е јавна набавка? Терминолошки усогласувања на стариот со новиот Закон за јавни набавки; Нови вредносни прагови и нови правила и постапки за доделување на договорите за јавни набавки; Задолжителна објава на Плановите за јавни набавки на ЕСЈН – е-План и усогласување на постоечкиот план со новиот Закон; Кога, како и што може да се набави до 1.000/2.000/10.000 евра без спроведување на постапка?)
- Специфики за текот на постапката (Одлука за јавна набавка, тендерска документација и оглас (задолжителни елементи); Како да подготвите тендерска токументација за постапка за мали набавки, поедноставена отворена постапка и постапка за јавна набавка на посебни услуги ( пр. за топол оброк, систематски прегледи, исхрана, превоз); Што се посебни услуги и како се набавуваат?)
- Услови за утврдување способност (Причини за исклучување од постапката; Услови за квалитативен избор на економските оператори)
- Критериум за избор на најповолна понуда (Економски најповолната понуда, која се утврдува врз основа на: цената или најдобар однос помеѓу цената и квалитетот; Дозволени поволности за економските оператори – почитување на начелата на кои се темелат јавните набавки; Дозволени поволности за договорните органи; Кога договорниот орган може да бара банкарска гаранција за учество и за квалитетно извршување на договорот? Кога постои невообичаено ниска цена и како се постапува во таков случај? Кои податоци во јавните набавки се заштитуваат, а до кои понудувачите има право на увид? Кога и како се врши измена на склучениот договор во тек на негова реализација? Што е евидентна книга и како се води посебната евиденција на постапките? Како се објавува квартална евиденција, известување за реализиран договор и другите задолжителни известувања? Информации за новините - електронски пазар, динамичен систем, Е-каталог и управна контрола)
- Електронски дел (Функционалности што ги нуди ЕСЈН за улоги кои се регистрираат од страна на договорни органи – единица за јавни, комисија за јавни набавки, одговорно лице, ревизор; Практична симулација на функционалностите преку мениата на ЕСЈН)