Понуда на обуки

  • АВГУСТ 2019
  • ФОРМИ, МЕТОДИ И ТЕХНИКИ НА ПОДУЧУВАЊЕ (1)
  • ИНКЛУЗИЈА - РАБОТА СО ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ
<
>
Во АВГУСТ ви ги нудиме следниве обуки:
  • Форми, методи и техники на подучување (1) (24 АВГУСТ 2019) , и
  • Инклузија - работа со талентирани ученици (24 АВГУСТ 2019).
За повеќе информации за секоја од понудените обуки, погледнете ги следните табови.

​Пријавувањето е започнато!
ТАРГЕТ ГРУПАНаставници, Стручни соработници, Воспитувачи, и сите останати заинтересирани субјекти.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОБУКАТА: 4 часа
СОДРЖИНАКомпетенциите на сите вклучени во наставниот процес се клучен елемент во развојот и напредувањето на ученикот. Современите методи и техники на подучување му помагаат на наставникот на поедноставен начин да ја реализира наставата. Со оваа обука, присутните ќе се воведат во:
  • Дефинирање на форми, методи и техники на подучување;
  • Видови форми, методи и техники на подучување;
  • Планирање на наставен час со соодветни форми, методи и техники на подучување;
  • Алтернативни решенија.
ДАТУМ24. август, 2019 година

* (обуката ќе се организира за најмалку 5 учесници / најмногу 20 учесници. За завршената обука следи сертификат и додаток на сетификатот)
** (обуката е погодна и за студенти-идни едукатори по повластена цена)
ТАРГЕТ ГРУПА: Наставници, Стручни соработници и сите други заинтересирани субјекти.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОБУКАТА: 4 часа
СОДРЖИНАПокрај инклузијата на учениците со потешкотии во учењето, важен елемент е и работата со талентираните ученици (ТУ). За нив е потребно да се изготват специјализирани планови со коишто ќе им се овозможи да постигнат повеќе, да го достигнат својот потенцијал. Ова значи дека треба да се детектираат во паралеката, да се дијагностицира нивната специјалност и однесување и соодветно да се поддржи нивниот раст. Со оваа обука учесниците ќе се оспособат за:
  • Детектирање на ТУ;
  • Особини, атрибути и однесување на ТУ;
  • Чек-листа за планирање на активностите на часот.
ДАТУМ: 24. август, 2019 година

* (обуката ќе се организира за најмалку 5 учесници / најмногу 20 учесници. За завршената обука следи сертификат и додаток на сетификатот)
** (обуката е погодна и за студенти-идни едукатори по повластена цена)
  • СЕПТЕМВРИ 2019
  • МЕНАЏИРАЊЕ СО ЕВРОПСКИ ПРОЕКТИ
  • КОДИРАЊЕ БЕЗ КОМПЈУТЕР
<
>
Во СЕПТЕМВРИ ви ги нудиме следниве обуки:
  • Менаџирање со европски проекти (14 СЕПТЕМВРИ 2019), и
  • Кодирање без компјутер (помош за предметот Работа со компјутер и основи на програмирање(14 СЕПТЕМВРИ 2019.
За повеќе информации за секоја од понудените обуки, погледнете ги следните табови.


Пријавувањето е започнато!
ТАРГЕТ ГРУПА: проектни координатори, директори на училишта и сите останати заинтересирани субјекти.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОБУКАТА: 5 часа
СОДРЖИНАУспешното менаџирање со европските проекти не е само реализацијата на активностите, туку многу повеќе. Организацискиот дел опфаќа повеќе чекори коишто треба да се следат. Со оваа обука учесниците ќе се запознаат со потребните елементи за успешно менаџирање на добиените европски проекти, и тоа:
  • Отворање донаторска сметка;
  • Креирање контен план;
  • Финансиска организација на активностите;
  • Документирање на активностите;
  • Усогласување на европската со македонската регулатива.

ДАТУМ14 септември, 2019

(обуката ќе се организира за најмалку 5 учесници / најмногу 20 учесници. За завршената обука следи сертификат и додаток на сетификатот)
(помош кон предметот Работа со компјутер и основи на програмирање во III, IV и V одд.)

ТАРГЕТ ГРУПА: Наставници, Стручни соработници и сите други заинтересирани субјекти.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОБУКАТА: 2 часа
СОДРЖИНА:  Наставниот материјал предвиден со програмата за  предметот Работа со компјутер и основи на програмирање е повеќе теоретски отколку практичен зашто предвидува запознавање со термините, разбирање на компјутерот и програмирањето. Целта на оваа обука е на практичен начин, со мноштво игри и задачи коишто се примениви во училницата, а без истовремено да биде потребен компјутер или каква било друга машина, да им се доближи содржината на учениците од соодветната возраст. Со оваа обука опфатени се:
  • Бинарни броеви;
  • Алгоритми; 

ДАТУМ: 14. септември, 2019 година

* (обуката ќе се организира за најмалку 5 учесници / најмногу 20 учесници. За завршената обука следи сертификат и додаток на сетификатот)
** (обуката е погодна и за студенти-идни едукатори по повластена цена)